Бензема и Жесус ги тестираа голманите, но само Тусар се израдува на гол

Дербито меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити засега е мирно во сегментот на погодоци. На „Сантијаго Бенрабеу“ мрежите мируваат благодарение на расположените голмани на двете страни Куртоа и Едерсон. И двајцата одбранија по една 100 отстотна прилика, а прво се закани Жесус за гостите, а потоа ударот на Бензема со глава го спречи бразилскиот чувар на мрежата со одлична реакција.

Граѓаните за нијанса се поконкретни бидејќи во финишот од првиот дел имаа прилика да постигнат гол, но одбраната на Реал реагираше во последен момент.

Во Лион водат домаќините со погодокот на Тусар во 31-вата минута. Иако Јувентус е фаворит во овој двомеч, засега е во негатива, а Шченсни беше немоќен да го спречи ударот на Французинот.

- Оглас -

Најнови вести