Бензема има над 400 гола во кариерата, но најдобриот потег во кариерата му е дриблинг кој значеше финале во ЛШ за Реал (Видео)

Карим Бензема веќе со години е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а оваа сезона доживува кулминација во кариерата. Французинот во дресот на Реал Мадрид е незадржлив и има 43 погодоци во 43 натпревари. Тој е најзаслужен за титулата на Реал во Примера, но и пласманот на Кралскиот клуб во финалето на Лигата на шампиони.

Во кариерата Бензема има постигнато над 400 погодоци, но неговиот можеби најдобар потег во кариерата е еден феноменален дриблинг. Тоа се случи точно пред пет години, во еден многу важен меч.

Реал играше полуфинале во ЛШ против градскиот ривал Атлетико, а по првиот меч Кралевите имаа позитива од 3:0. Атлетико во реваншот брзо даде два гола и дојде само на еден гол од анулирање на негативата, но тогаш следуваше магичниот потег на Бензема.

Французинот доби топка покрај аут-линијата, а покрај него имаше двајца противнички играчи. Тој тргна кон гол-аут линијата, каде што вкупно тројца играчи на Атлетико го следеа во обид да го спречат да влезе во шеснаесетникот. Бензема со неколку фантастични потези успеа да ги помине Диего Годин, Стефан Савиќ и Хименез, а потоа да асистира за погодок со кој Реал намали на 1:2 и Јорганџиите ги загубија сите шанси да стигнат до финалето.

- Оглас -

Најнови вести