Освојувачот на „Златната топка“ за 2022, Карим Бензема, преку Инстаграм испрати шифрирана порака која веројатно се однесува на неговото присуство во Катар на финалето на Мундијалот.
Бензема не беше избришан од пријавната листа на Французите и ќе добие медал од СП 2022, но нема да игра.
Се шпекулира дека Бензема му е лут на селекторот Дидие Дешан што го отпишал од настап на СП иако повредата пред првенството не му била тешка, а Дешан му се лути на напаѓачот на Реал Мадрид што не го спомнал за време на церемонијата при добивањето на „Златната топка“.
Дешан не сакаше ни да чуе прашање околу можен настап на Бензема во финалето против Аргентина, а Бензема вечерва порача: „Не сум заинтересиран!“.