20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Бензема изненадувачки го снема од Саудиска Арабија

Карим Бензема беше ѕвездата на летниот преоден рок во Саудиска Арабија откако реши да си замине од Реал Мадрид и потпиша за тимот на Ал Итихад. Францускиот голгетер тогаш најавуваше дека тоа му е одличен избор, но само неколку месеци подоцна ситуацијата не е толку сјајна.

Ал Итихад е далеку од трката за титулата, а Бензема е на удар поради слабите резултати на екипата. Многу навивачи почнаа со критики кон Бензема, а го нарекоа и „Бен Хазима“, што на арапски значи „син на поразот“.

Токму поради големиот број на негативни коментари, Бензема решил да го избрише инстаграм профилот, а поради непознати причини го пропуштил и петочниот тренинг и си заминал од Саудиска Арабија.

Сезонава, Бензема одигра 19 мечеви во кои постигна 11 голови.

- Оглас -

Најнови вести