Бензема: Ја одбрав Саудиска Арабија затоа што не сакав да играм против Реал Мадрид

Француската фудбалска ѕвезда Карим Бензема во интервју раскажа за блискоста со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, и за периодот по заминувањето од Кралскиот клуб во саудискиот Ал-Итихад.

„Овде се чувствувам добро, мојот живот е како во Мадрид. Станувам, тренирам дома во сала за вежбање, а попладне тренирам со тимот. Навечер понекогаш излегувам на вечера или на плажа. Овде не можете ни да одите по улица, луѓето се луди по фудбал. Во Реал направив сè. Почнав како дете, а завршив како маж. Сакав да заминам на висока нота, со сите титули и Златната топка. Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот и не сакав да одам во друг тим што може да игра против Мадрид, затоа ја одбрав Саудиска Арабија“, кажа Бензема.

Бензема го анализираше и досегашниот учинок на сонародникот Килијан Мбапе во Реал.

„Неговата ситуација е поинаква од онаа што ми се случи мене. Пристигнав многу млад, на 21, а тој на 25 години. Тој знае дека во Мадрид ако згрешите, ве ‘убиваат‘ затоа што е донесен само за да дава голови. Притисокот е луд и тој го знае тоа“, вели Карим.

Флорентино Перес бил првиот човек на кој Бензема му се јавил кога решил дека заминувам.

„Тој не ја разбираше баш мојата одлука, но му реков дека младите Винисиус и Родриго се подготвени“, изјави Бензема.

- Оглас -

Најнови вести