Бензема ја понижи Барса и го замолкна „Камп ноу“, Реал никогаш не смее да биде отпишан (Видео)

Реал Мадрид ќе игра против Осасуна во финалето на Купот на Шпанија откако вечерва на „Камп ноу“ ја уништи Барселона со 4-0 и го надомести минусот од 0-1 од првиот дуел во Мадрид. Карим Бензема со три гола беше јунак на средбата, тој е прв играч на Реал по 60 години кој направил хет-трик на гостување кај Барса.

Само 11-мина фудбалери во историјата направиле хет-трик на гостување кај Барса, Бензема му се приклучи на тоа елитно друштво и го однесе Кралскиот клуб на 90 минути од титула во натпреварувањето кое го нема освоено од 2014 година, кога исто така на клупата беше тренерот Карло Анчелоти.

Четвртиот гол за Реал, а трети за Бензема може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести