Бензема ќе го тужи политичарот којшто го поврза со терористите (ФОТО)

Карим Бензема ја игра својата најдобра сезона во кариерата и го предводи Реал Мадрид до титулата во Ла Лига и до финалето од Лигата на шампионите.

Французинот е прв кандидат за Златната топка, но во неговата земја, Франција, тој го очекува судски спор.

Политичарот Дамиен Рефевл во 2020 година на социјалната мрежа „Твитер“ напиша неколку постови во кои го поврзува Бензема со терористички активности, како и за тоа што има слика со Самуел Пати.

Тој своевремено бил испитуван од француската полиција исто така за поврзаност во терористички активности, но се покажало како лажна тревога.

Адвокатот на Бензема покрена судска постапка против Рефевл, а француските медиуми тврдат дека доколку го добие спорот, политичарот можно е да добие и неколкумесечна затворска казна.

- Оглас -

Најнови вести