31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Бензема ќе ја освои „Златната топка“ со историски најголема разлика пред вториот?!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе ја освои „Златната топка“ за 2022 година, и тоа со најголема разлика во однос на второпласираниот во историјата на изборите, информира специјализираниот фудбалски портал Goal.

„Златната топка“ ја доделува „Франс фудбал“, а годинава церемонијата ќе се одржи на 17-ти октомври. Во гласањето учествуваат 180 новинари од целиот свет. Ланскиот контроверзен победник Лионел Меси, годинава воопшто го нема на листата на кандидати.

Бензема беше прв стрелец во Лигата на шампионите и шпанската Ла Лига, и го предводеше Реал Мадрид до титулите во овие две натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести