Карим Бензема ќе куртули од затворска казна за случајот во којшто со експлицитен материјал се обидел да го уцени Матје Валбуена. Јавниот обвинител на Франција денеска побара условна казна затвор од 10 месеци и парична глоба за францускиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид во висина од 75 илјади евра.
Бензема во познатиот случај што го потресе фудбалскиот свет се обиде да го уцени Валбуена да му плати одредена сума пари за да не ги објавува експлицитните материјали снимени на видеоматеријал што би го компримитирале тогашниот соиграч од француската репрезентација.
Бензема и група од уште неколку луѓе му се обратиле на Џибрил Сисе како можен посредник за да извлечат пари од Валбуена, но Сисе го предупредил Матје и овој го пријави случајот што трае неколку години и сега се очекува завршница.
Бензема беше казнет и исфрлен од репрезнтацијата на Франција, но се врати летово со настап на Европското првенство, за првпат по пет години пауза.
Беше објавено дека може да заврши во затвор, но сега е јасно дека ќе куртули по барањето на обвинителството да му биде изречена условна казна од 10 месеци и парична глоба од 75.000 евра.