Бензема може да се врати во Катар за последниот меч на Франција, но сигурно е дека нема да игра

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, доби дозвола од Реал Мадрид да присуствува на финалниот натпревар на Светското првенство во Катар доколку репрезентацијата на Франција вечерва го победи Мароко во второто полуфинале, пишува „Мундо депортиво“.

Бензема се повреди на тренинг на француската репрезентација на 19 ноември, а првичните лекарски наоди покажаа дека му претстои пауза од три недели, но играчот на Реал Мадрид остана на списокот на Триколорите бидејќи селекторот Дидие Дешамп одлучи да не повика замена за него.

Но, Дешамп исто така одбил да го вклучи Бензема за евентуалното финале бидејќи смета дека Оливие Жиру, кој игра одлично во Катар, заслужува да добие шанса да игра во потенцијалниот меч за титулата со Аргентина.

Закрепнувањето на Бензема траеше побрзо од очекуваното и тој изминатата сабота се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид и сега добил дозвола да замине во Катар бидејќи ако Франција освои едно од првите три места, напаѓачот на Кралевите ќе си добие медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести