Бензема: На „Енфилд“ го видовте вистинскиот Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера му одржаа фудбалска лекција на Ливерпул, им го нанесоа најтешкиот пораз на Црвените во Лигата на шампионите на нивниот „Енфилд“, славејќи со 5:2, а огромен удел во триумфот имаше Карим Бензема.

Французинот речиси 60-тина минути беше незабележителен на теренот, а потоа експлодира со два гола, а победата ја посвети на неодамна починатата легенда на Кралевите, Амансио.

„Сакам оваа победа да ја посветам на нашиот неодамна починат почесен претседател Амансио. Ова е победа за него. Почнавме лошо и знаевме дека играчите на Ливерпул носени од нивните навивачи ќе нè притиснат во првите 15-тина минути. Сепак, потоа можевте да го видите вистинскиот Реал Мадрид.

Фудбалот на ова ниво е тежок. Кога губите со 2:0 и знаете колку е важен натпреварот, сакате повеќе. Еден гол може да промени сè и тоа се случи кога Винисиус ја затресе мрежата. Исто така сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи, тие беа нашиот 12-ти играч и ќе ни бидат потребни и за реваншот“, рече Бензема.

- Оглас -

Најнови вести