Карим Бензема и Кристијано Роналдо беа соиграчи во Реал Мадрид дури девет години. Сега двајцата играат во Саудиска Арабија и се ривали на теренот. Португалецот неодамна изјави дека токму тој е најдобриот на сите времиња, но Бензема не се согласува со тоа и има друг фаворит.
„Кристијано е фантастичен фудбалер. Тој е врвен играч. Но најголем на сите времиња? Тоа е вистинскиот Роналдо, оној од Бразил“, рече Бензема.
Оваа сезона Кристијано Роналдо постигна 22 гола на 20 натпревари, додека Бензема погоди деветпати во 16 меча.