Карим Бензема ја одработува последната година од договорот со Реал Мадрид, а веќе започнаа шпекулациите за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“. Бензема и Реал преговараат за нов договор, но сè уште се далеку од потпис. Според италијанските медиуми Бензема е голема желба на Рома, која е предводена од Мурињо. Врска помеѓу Рома и Бензема е гигантот за производство на спортска опрема, „Адидас“. Имено, Бензема има договор со „Адидис“, а германската компанија од наредна сезона ќе биде и официјален дистрибутер на спортска опрема на Рома.
Доколку Бензема си замине од Реал, тогаш раководството на Кралскиот клуб планира во своите редови да го донесе талентираниот бразилец Ендрик Фелипе Мореира. Тој настапува за екипата на Палмеирас и е најмладиот играч кој некогаш настапил за овој бразилски клуб.