Бензема направи нов разочарувачки потег за навивачите на Реал Мадрид

Карим Бензема помина 14 години во Реал Мадрид и ги освои сите најзначајни трофеи и стана легенда на клубот. Освои вкупно 25 трофеи, стана и вториот најдобар стрелец во историјата на Кралскиот клуб (353 голови) и еден од малкумината фудбалери кои беа дел од петте титули во Лигата на шампиони.

Се очекуваше Бензема да остане и следната сезона, но богатата финансиска понуда од Саудиска Арабија, Французинот не можеше да ја одбие. Потпиша за Ал-Итихад, а од Реал си замина тивко.

Французинот реши да нема никакви траги со Реал Мадрид, барем кога се работи за социјалните мрежи, откако реши да го отследи Калскиот клуб од социјалните мрежи. Оваа реакција на Бензема е како одговор на тоа што Реал прво му стисна unfollow на фудбалерот. Сепак, овој потег на шпанскиот тим е очекуван затоа што политиката на Реал е да ги следи само профилите на актуелните нивни фудбалери и профилите на нивните спонзори.

Реал на „Инстаграм“ следи само 50 профили, а сега меѓу тие го нема тој на Бензема. Францускиот фудбалер очигледно дека не забележал дека Реал ги следи само актуелните играчи на клубот, па направи избрзана реакција. Колку за споредба, Бензема на својот профил уште го следи својот ексклуб Лион, каде што и ја започна кариерата.

- Оглас -

Најнови вести