Карим Бензема се уште фигурира на листите со официјални состави кај Франција за мечевите на Мундијалот во Катар, иако не е таму и отпадна поради повреда речиси во последен час.
Бензема допатува во Катар со Триколорите, но му се влоши повредата на тренинг и мора да паузира, па си замина за Европа.
Официјално Французите не повикаа нов фудбалер, па името и презимето на Карим Бензема си стои на официјалните состави од по 26 фудбалери на натпреварите што ги играат актуелните светски прваци.
https://twitter.com/equipedefrance/status/1596517608266027009?s=20&t=21ZxkQhVe_GFuC-et4cRJg
Тоа значи дека ако Триколорите успеат да ја одбранат титулата во Катар, што ја освоија во 2018 година на Светското првенство во Русија, Бензема ќе добие златен медал, како и сите останати репрезентативци на Франција.