Бензема нема да игра до крајот на септември

Повредата на Карим Бензема не е многу сериозна, и тоа е добрата вест за Реал Мадрид, но Кралскиот клуб на следните три меча, од кои едниот е на гости против Атлетико Мадрид ќе треба да игра без својот капитен.

Среќна околност за Бензема е што нема оштетување на менискусот, така паузата ќе беше подолга.

Французинот нема да може да игра против Мајорка, Лајпциг и Атлетико Мадрид, а ќе го нема ни во репрезентацијата за дуелите од Лигата на нации кон крајот на месецов. Враќањето на терен се очекува на 2 октомври, кога Реал игра со Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести