Бензема ни во лудило не може да биде вратен во француската репрезентација

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп и дефинитивно не планира да го врати Карим Бензема во националниот тим, иако голгетерот на Реал Мадрид е во одлична форма. Дешамп уште одамна го „откачи“ Бензема, а воопшто не размислува за негово повторно враќање.

„Одлуката да се откажам од Бензема беше чисто од спортска природа во тоа време. Не верувам дека неговото враќање во репрезентацијата сега ќе биде од најдобар интерес за францускиот тим. Одлуката која ја имам донесено е врз основа на тоа што мислам дека е најдобро за репрезентацијата“, рече Дешамп.

Бензема е вистински лидер во Реал Мадрид сезонава, но тоа не му донесе повик за Галските петли. Повеќе од три години Бензема не е дел од репрезентацијата на Франција, но никој не може да му приговори на Дешамп за тоа бидејќи Франција во 2016 година стана европски вицепрвак, а минатата година стигна до светската титула.

Франција вечерва игра против Турција и со победа може да обезбеди место на ЕП 2020 година. Коефициентите за обложување на овој меч, но и на сите средби од квалификациите за ЕП може да ги најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести