Бензема никогаш во кариерата нема дадено ваков гол, и тоа за победа (Видео)

Актуелниот првак на Саудиска Арабија, екипата на Ал-Итихад, победи на гостувањето кај Ал-Ахуда со 1:0 во рамките на шестото коло од шампионатот. Јунак на шампионот е Карим Бензема, кој го постигна единствениот гол доволен за три бода.

Се играше 72-рата минута кога Бензема одлично се снајде и ја затресе мрежата на домаќините. Топката високо отскокна, но Французинот покажа зошто е врвен голгетер и инстиктивно реагираше и со коленото ја удри топката која заврши во мрежата.

За Бензема ова е трет погодок во првенството на Саудиска Арабија, а има и две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести