Бензема носеше 7.000 пати поскап часовник од Левандовски (Фото)

На напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, во понеделникот му се исполни сонот, а тоа е да ја освои Златната топка, која се доделува за најдобриот фудбалер во светот. На гала-свеченоста во Париз, Бензема имаше впечатлив стајлинг, а посебно „отскокнуваше“ часовникот што го носеше.

Французинот носеше ексклузивен часовник  Richard Mille RM 65-01 со златно куќиште, чија вредност е 300.000 евра.

Само неколку минути пред Бензема да ја добие наградата, на сцената беше и Роберт Левандовски, кој ја доби наградата за најдобар стрелец. За разлика од Бензема, Левандовски на раката носеше часовник „Касио“ кој вреди едвај 40 евра, односно 7.000 пати поевтин од тој што го носеше Бензема.

Фактот дека Левандовски носеше толку евтин часовник не значи дека Полјакот е скржавец или многу штеди, туку може да се протолкува дека ја има научено лекцијата дека не треба многу да се покажува луксуз. Неодамна Левандовски беше цел на крадец, кој му го украде часовникот вреден 70.000 евра. Полјакот во својот автомобил отворил прозор за да даде автограм на некои фанови, а крадецот брзо реагирал и успеал да му го украде часовникот.

- Оглас -

Најнови вести