Бензема објасни зошто на Реал Мадрид не му треба нов напаѓач

Карим Бензема се согласува со претседателот Флорентино Перес и со тренерот Карло Анчелоти дека нема потреба Реал Мадрид да купува уште играчи во овој летен преоден рок. Фановите сметаат дека Кралскиот клуб треба да земе еден квалитетен напаѓач бидејќи не може Бензема да игра на сите мечеви, туку некогаш треба и да одмори без да се почувствува тоа.

Сепак, во Реал веруваат дека ако Бензема не е во можност да игра на некој меч, имаат решенија од типот на Еден Азар или Марко Асенсио како „лажна деветка“. Французинот, кој годинава е прв фаворит за Златната топка, кажа зошто не треба Реал да купи негова резерва.

„Во Реал Мадрид напаѓачот не смее да стои и да чека топки како другите типични шпиц играчи. Мора да трча цело време. Имаме многу играчи кои може да го прават тоа. Подобро прашајте го тренерот дали ни треба нов централен напаѓач“, изјави Бензема.

Откако пропадна варијантата Реал да го засили нападот со Килијан Мбапе, кој може да игра и како десно крило и како шпиц, имаше интерес и за Габриел Жезус, кој е сличен профил на играч како Мбапе, но во Реал веќе има тројца играчи (максимум толку е дозволено) кои не се со европски пасоши, па Бразилецот кој сега е во Арсенал, не дојде во Реал од административни причини.

- Оглас -

Најнови вести