Бензема останува во Саудиска Арабија: „Во Мека го пронајдов мојот мир, тука сум да донесам играчи од Европа“

По надминувањето на недоразбирањата, Карим Бензема се врати на тренинзите на Ал-Итихад, но и со едно промотивно интервју сакаше да направи претстава за себе дека се е во ред.

– „Ова е неверојатно место и тука имам мир. Ова е нов предизвик за мене кој ми се допаѓа, долгорочен проект во муслиманска земја. Како муслиман, кога сум во Мека, чувствувам мир.“ – вели Бензема.

Тој призна дека се чувствува како амбасадор во Саудиска Арабија и дека неговата задача е да убеди што е можно повеќе играчи од Европа да се преселат на Блискиот Исток.

– „Тука сум да донесам играчи од Европа во блиската иднина, иако веќе некои големи имиња се тука. Нашиот предизвик е да го кренеме нивото на лигата на рамниште на европските првенства. За многумина да се има бројот девет на грбот значи да се постигнат 50 голови во сезона, но за мене тоа значи да бидеш само еден од 11-те играчи на теренот.“ – додава французинот.

- Оглас -

Најнови вести