Бензема повторно играше меч, ја донесе одлуката која сите ја чекаа

Карим Бензема со нетрпение го чекаше Светското првенство во Катар откако по пауза од пет години се врати во националниот дрес, но немаше среќа да заигра на Мундијалот. Голгетерот се повреди на последниот тренинг пред стартот на турнирот и мора да си замине од репрезентативната експедиција.

Најдобриот фудбалер во светот во изборот на „Франс фудбал“ речиси еден месец беше на рехабилитација и тој денеска за првпат се појави на теренот во Мадрид, во контролен меч на Реал против Леганес.

Веднаш започнаа шпекулации дали Бензема е подготвен и дали има шанси тој да се врати во Катар непосредно пред финалето на Франција против Аргентина. Дури и селекторот Дидие Дешан доби прашање дали е вистина дека Бензема може да се врати во Катар и дали може да се случи тој да игра во финалето. Селекторот на Франција едноставно не сакаше да даде никаков одговор на тоа прашање.

„Не би сакал да одговорам на тоа прашање. Следно прашање. Се извинувам“, рече Дешан.

https://twitter.com/i/status/1603283532759158788

Според последите пишувања, Бензема на блиски соработници им открил дека сега нема намера да се враќа во Катар, откако тој го пропушти најголемиот дел од Мундијалот, што значи дека нема да го видиме на стадионот за финалето.

- Оглас -

Најнови вести