Ал-Итихад вчера со 2:0 го совлада Ал-Ријад во 20-тото коло од саудиската Про лига, а речиси по два месеца заигра Карим Бензема и веднаш ги налути навивачите.
Последниот настап на Бензема за Ал-Итихад беше на 26 декември, по што започнаа неговите проблеми со саудискиот тим. Прво без дозвола од управата доцнеше 20-тина дена на подготовките, по што влезе во конфликт со тренерот Марсело Гаљардо.
Вчера Бензема се најде во првиот тим на Ал-Итихад и само 12 минути му требаа да ги налути навивачите. Имено, по голот на Абдеразак Хамдалах во 12-тата минута, сите фудбалери на Ал-Итихад се радуваа на голот освен Бензема, кој „беше ладен како шприцер“ и не го прослави голот на својот соиграч.