Бензема прави хаос во Саудиска Арабија, претседателот на Ал-Итихад порача: „Тој нека ви го води клубот“

Вистински хаос се случува во клубот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад, за кого игра и Карим Бензема. Токму францускиот интернационалец е причината за хаосот. Најпрво Марселоа Гаљардо доби отказ на барање на Бензема, а потоа беше блокиран и ангажманот на Стефано Пиоли, иако се беше договорено и поранешниот тренер на Милан требаше да седне на клупата на Ал-Итихад.

Барањето на Карим Бензема е нов тренер на Ал-Итихад да биде французинот Криштоф Галтие, за кого постојат обвинувања во неговата татковина дека сакал да тренира екипи без муслимани и црнци. Токму порадиова арапите не сакаат да го ангажираат, па првиот човек на Ал-Итихад поднел оставка до Министерството за спорт на Саудиска Арабија. Пораката на претседателот на Ал-Итихад до одговорините луѓе од министерството била: „сега тој нека ви ја прави екипата“. Ваквиот коментар се однесува на Карим Бензема.

Властите во Саудиска Арабија сега имаат глем проблем за решавање, бидејќи Бензема е еден од најголемите фудбалери кој пристигна во земјата да игра фудбал, но направи вистински хаос, а и резултатите на Ал-Итихад не се на завидно ниво.

- Оглас -

Најнови вести