Бензема прво промаши пенал, па се повреди, но најлошото го чекаше кога дојде дома

Вчера дефинитивно не беше среќен ден за Карим Бензема. Францускиот репрезентативец стандардно беше прва опција во нападот на Реал Мадрид, но Бензема овојпат не се прослави.

На дуелот против Ечле, гостите водеа со 1:0 кога беше досуден пенал за Реал, а Бензема промаши. Ова беше прв промашен пенал за Французинот во клупската кариера.

Во второто полувреме Бензема се повреди и мораше да го напушти теренот во 57-мата минута, а на негово место влезе Лука Јовиќ. Реал губеше со 0:2, но на крајот Кралевите со два погодоци во финишот се спасија и извадија реми.

Покрај малерите на теренот, Бензема го дочека вистински шок кога се вратил дома по мечот затоа што сфатил дека бил ограбен. Додека играл, крадци влегле во куќата на Бензема, која, за среќа, била празна во тој момент.

Ова не е првпат домот на Бензема да биде цел на крадци, а сега не се открива колкава е штетата која ја направиле арамиите.


- Оглас -

Најнови вести