Бензема: Роналдо и Зидан ми беа идоли, го следев сонот што го имав од дете!

Карим Бензема е фудбалер на годината, ја доби Златната топка од рацете на Зинедин Зидан, за кого рече дека му бил идол заедно со Бразилецот Роналдо.

„Горд сум што ја освоив Златната топка, сонував за ова уште како дете. Го следев својот сон, а имав и одлични идоли и примери кои ги следев: Зидан и Роналдо. Ова е резултат на многу работа и тренинзи, најмногу на мотивација да се успее во остварување на сонот, не беше лесно, но успеав“, рече Бензема.

Второто место во гласањето за Златна топка го освои Садио Мане, а во Топ 5 влегоа уште Кевин де Бројне, Роберт Левандовски и Мохамед Салах. Сите овие петмина имаат 30 или повеќе години, а највозрасен е победникот Бензема, кој е 34-годишен.

Бензема им се заблагодари на сите кои му помогнале да ја освои наградата, а не ја заборави ниту Академијата на Лион, каде што ги правеше првите фудбалски челори.

- Оглас -

Најнови вести