34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Бензема сака да се врати во Европа, Саудијците му порачаа дека може да оди само во друг клуб во нивната лига

Карим Бензема само по една сезона помината во Ал-Итихад, сака да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа, но најверојатно тоа нема да се случи ова лето.

Бензема минатото лето потпиша двегодишен договор со Ал-Итихад тежок неверојатни 400 милиони евра, а според договорот, тој може само да го промени тимот во лигата, но не и да си замине од Саудиска Арабија.

Причина за тоа е што Бензема потпиша договор со државниот саудиски инвестициски фонд (ПИФ), кој е сопственик на четирите најголеми клубови во земјата (Ал-Наср, Ал-Хилал, Ал-Итихад и Ал-Ахли) и тие не сакаат да му дозволат да си замине бидејќи со тоа ќе се наруши угледот на лигата и на земјата.

Единствена опција за да си замине од Саудиска Арабија е тој да се откаже од 200 милиони евра кои би ги заработил следната сезона и да плати пенали од неколки десетици милиони евра за предвремен раскин на договорот.

Како можна опција за Бензема за следната сезона се споменува францускиот Олимпик Лион.

- Оглас -

Најнови вести