Реал Мадрид потврди дека Карим Бензема е позитивен на ковид-19 по денешните редовни тестирања во клупскиот тренинг-центар.
Францускиот напаѓач заврши со одморот по настапот на Европското првенство, но наместо да се приклучи на подготовките на екипата за новата сезона, Бензема одреден период ќе мора да седи во самоизолација, барем додека не добие негативен тест за ковид-19.
Инаку, Бензема ќе ја почне 13-тата сезона во кралскиот дрес, во меѓувреме го продолжи договорот до јуни 2023 година.
Comunicado Oficial: Karim Benzema#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 23, 2021