Бензема: „Секогаш сакав да живеам во Саудиска Арабија, ова е муслиманска земја“

Карим Бензема даде интервју за официјалната страница на својот нов клуб, Ал-Итихад, а едно од прашања беше зошто се одлучил да дојде во Саудиска Арабија.

„Јас сум муслиман, а ова е муслиманска држава. Секогаш сакав да живеам тука. Многу е убаво да се биде во муслиманска земја и веќе чувствувам дека луѓето ме сакаат. Ова ќе ми овозможи да започнам нов живот. Сакам да го научам и арапскиот јазик, а светото место Мека е многу блиску до Џеда и тоа за мене е многу значајно“, одговори Бензема.

Французинот со алжирско потекло потпиша договор на две сезони со Ал-Итихад и ќе заработува по 200 милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести