Карим Бензема пред неколку дена промаши два пенали, но вечерва против Манчестер сити игра нов фантастичен натпревар.
Тој во 80-тата минута го даде својот втор гол, трет тимски, во мрежата на Манчестер сити и намали на 4:3. Лапорт играше со рака по една нафрлена топка, а тоа го увидоа судиите преку ВАР.
Французинот ја погоди мрежата на Едерсон со паненка, во негов, мајсторски стил.
Signori e signori KARIM BENZEMA CON IL table spoon #CUCCHIAIO #BENZEMA #CityReal #ChampionsLeague pic.twitter.com/XUqK75ihSn
— Enrico Stipulante (@enrico1988stip1) April 26, 2022