Бензема со постигнување кое го немал во 14-годишната кариера во Реал Мадрид

Карим Бензема уште еднаш покажа зошто е лидер на Реал Мадрид постигнувајќи два гола во убедливата победа над Елче од 4:0. Со овој триумф, Кралскиот клуб повторно се врати на осум бода негатива зад лидерот Барселона.

На дуелот против Елче, Реал Мадрид имаше целосна доминација, а Бензема постави еден необичен личен рекорд. За првпат во 14-годишната кариера во шпанскиот гигант, Бензема на еден меч од првенството упати дури 10 шута кон противничкиот гол. Реал вкупно имаше 26 удари кон голот на Елче, од кои 13 беа во рамките на голот, а четири завршија во мрежата.

За Бензема ова беше 428-ми меч во првенството на Шпанија, а вкупно 628-ми дуел во Кралскиот клуб. Французинот синоќа се израдува на 429-тата победа и се израмни со Раул Гонзалес на третото место на играчи со најмногу победи во дресот на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести