Бензема: Тој што го критикува Меси, нема поим од фудбал

Карим Бензема е еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид во последниве неколку години.

Со своите погодоци, Французинот го носи Реал кон титула во Ла Лига, додека во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се соочат со Пари Сен Жермен. Тоа значи уште еден дуел со Лео Меси, кој во францускиот тим сè уште не игра на посакуваното ниво.

„Тој што го критикува Меси, ќе кажам само дека нема поим од фудбал.

Фудбалот не е само постигнување голови, погледнете го Меси што прави на теренот, тоа е многу поважно отколку головите“, изјави Бензема.

Во досегашниот тек од сезоната, Меси има постигнато шест погодоци за ПСЖ, што е далеку под неговите стандарди.

- Оглас -

Најнови вести