Бензема утре ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во Европа

УЕФА на утрешната ждрепка за групната фаза во Лигата на шампионите воедно ќе ги доделува наградите за најдобар фудбалер во Европа за сезоната 2021/22, како и останатите три награди за најдобра фудбалерка, најдобар тренер и најдобар тренер во женскиот фудбал.

Карим Бензема ќе биде прогласен за најдобар пред Тибо Куртоа и Кевин де Бројне, по што ќе ја наследи наградата од Жоржињо, кој сè уште е актуелен освојувач.

Иако белгискиот голман имаше блескав настап во финалето против Ливерпул, прогласен за играч на натпреварот Куртоа буквално ги одбрани тешко заработените 1-0 на Реал, сепак Бензема беше главниот актер во целата шампионска кампања на кралската дружина предводена од Карло Анчелоти.

Искусниот голгетер во 12 меча во ЛШ заби дури 15 гола, последователни хет-трик мечеви за елиминација над ПСЖ, односно Челзи, а беше клучен во полуфиналниот двомеч против Манчестер сити за освојување на неговата петта, односно 14-та на Реал европска титула.

Во конкуренција за најдобар тренер се Карло Анчелоти, Пеп Гваридола и Јирген Клоп.

https://twitter.com/UEFA/status/1562469786600083457

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести