22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Бензема утре оди на судење на кое може да добие пет години затвор

Карим Бензема со своите голови и игри повеќе од 10 години е во врвот на светскиот фудбал. Иако блескаше во дресот на Реал Мадрид, дури пет и пол години Бензема не беше повикан во репрезентативниот дрес на Франција, и тоа поради еден необичен проблем.

Во 2015 година, Бензема се најде во центарот на скандалот според кој напаѓачот на Реал Мадрид го уценувал својот репрезентативен соиграч Матје Валбуена. Се работи за секс-снимка на Валбуена, а неименувани четворица луѓе преку Бензема барале пари од Валбуена, со закана дека доколку не бидат исплатени парите, секс-снимката ќе биде пуштена во јавност.

Валбуена го пријавил целиот случај во полиција, а Бензема се најде на обвинителна клупа. Според обвинението, Бензема може да заработи пет години затворска казна. Судењето ќе биде одржано од 20 до 22 октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести