Кристијано Роналдо и Карим Бензема со години беа одличен тандем во Реал Мадрид, но факт е дека Французинот беше во сенка на првата ѕвезда на Кралевите. Во 2018 година, Роналдо си замина од Реал и го облече дресот на Јувентус.
Во Реал одлучија дека не им е потребна нова голема ѕвезда, туку Бензема да влезе во прв план кога се работи за постигнување на погодоците. Французинот целосно ја оправда довербата и е вистински лидер на теренот на Кралевите. Во сите три сезони има дадено над 20 погодоци во Примера дивисион, а реномираниот ЕСПН откри интересен податок.
Откако Роналдо му се приклучи на Јувентус, Бензема има постигнато повеќе погодоци од Кристијано, ако не се сметаат головите дадени од пенал. Во таква пресметка, Бензема во овие три сезони постигнал 75 гола, додека Роналдо 69 пати ја тресел мрежата на противниците.
Non-penalty goals since Cristiano Ronaldo joined Juventus:
Benzema: 75
Ronaldo: 69😳😳😳 pic.twitter.com/vgHXSN4YS7
— ESPN FC (@ESPNFC) April 26, 2021