Бензема замина на одмор во Дубаи со приватен Боинг 737 кој чини 91 милиони евра (Видео)

Карим Бензема е еден од најдобрите фудбалери на светот, а знае и да ужива во парите кои ги има, па овојпат го предизвика вниманието не со велемајсторски гол како оној во средата против Атлетик Билбао, туку со превозното средство со кое замина на краток одмор во Дубаи.

Французинот кој е капитен на Реал Мадрид, на Инстаграм се пофали дека изнајмил авион „Боунг 737“. Не се знае чиј е авионот, но Карим и овојпат остави многумина без текст. Во авионот со Бензема биле и неговото семејство и блиски пријатели.

- Оглас -

Најнови вести