-2.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Бензема застана во одбрана на тренерот: Проблемот во Реал е со ѕвездите во тимот

Карим Бензема одигра многу важни мечеви за Реал Мадрид и со Кралскиот клуб се радуваше на многу трофеи, па затоа и има право да коментира за тоа што моментално се случува во шпанскиот гигант. Бензема веќе неколку сезони е надвор од европскиот фудбал и е дел од тимот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија, но секако ја следи ситуацијата во неговиот поранешен клуб Реал.

Реал има само една победа во последните пет кола во првенството, а интересно е дека Бензема застана заштитнички кон тренерот Чаби Алонсо, а вината за неуспесите ја насочи кај фудбалерите.

„Чаби Алонсо не може многу да направи. Во составот иам неверојатни фудбалери и треба само да ги пушти на теренот да играат. Но, тешко е. Секој фудбалер има свое его. Ѕвездите во екипата треба да разговараат и да си кажат дека заеднички треба да се подобрат за доброто на екипата и клубот“, вели Бензема.

Потоа Бензема се фокусираше на проблемот со егото во соблекувалната: „Проблемот е кога не прифаќаш дека пред тебе има играч кој постигнува повеќе голови од тебе. Овие проблеми се јавуваат кога имаш многу ѕвезди заедно. Ако твојот соиграч е подобар од тебе, мора да го прифатиш тоа. Бидејќи на тој соиграч сè уште му требаат други, не може сè да направи сам.“

- Оглас -

Најнови вести