Фудбалското првенство на Белорусија нема да биде прекратено, и покрај пандемијата од Коронавирусот. Портпаролот на белоруската федерација Александар Алејник, потврди дека мечевите од второто коло ќе си се играат на 27 март, со публика.
„Федерацијата реши да го продолжи првенството. Мечевите ќе се играат без публика. Имаме постојан контакт со Министерството за здравство. Ситуацијата не е толку критична, за да се побара прекин на шампионатот. Второто коло почнува на 27 март” вели Алејник.
Заразени со коронавирус во Белорусија се 81 лица, од кои 22 веќе се излечени. Цела Европа е во карантин, Белорусија е единствена земја на стариот континент каде се игра фудбал. УЕФА на националните федерации им дозволи сами да решат дали ќе го прекинат првенството или не, па Белорусија останува „изолиран остров“ во европскиот клупски фудбал.