Репрезентативецот на Италија, Доменико Берарди, направи голем инцидент по мечот меѓу Модена и Сасуоло во Купот на Италија и ги бркаше своите навивачи за да се тепа со нив откако беше провоциран.
Берарди загуби со Сасуоло од Модена со 3:2 како гостин, а една од провокациите беше и за поразот на Италија од Македонија во Палермо во март годинава, во полуфиналниот бараж за настап на Мундијалотт во Катар.
Тогаш Македонија приреди сензација и победи со голот на Александар Трајковски и го елиминира актуелниот европски првак.
https://twitter.com/SDebbia/status/1556734649308790787?s=20&t=G1-S55CLfXnJcJ3ARORXwQ
Берарди беше член на репрезентацијата на Италија што стана европски првак во 2021 година на последното Европско првенство, а во финалето Аѕурите ја победија Англија на пенали.
Сега 28-годишниот европски првак загуби изненадувачки со Сасуоло од второлигашот Модена, по што приреди и скандал, иако сите го познаваат како многу пристоен спортист и фудбалер без ниедна дамка во кариерата.
https://twitter.com/MCriscitiello/status/1556733326542651393?s=20&t=0f2pVon5cGj4COiOvbBcww