Берарди заби со атрактивни ножички, на метар и пол од голот (видео)

Доменико Берарди на атрактивен, но и малку претеран начин ја донесе победата за Сасуоло од 1-0 против Сампдорија во мечот од 33-тото коло во Серија А.

Италијанскиот офанзивец направи атрактивни ножички на буквално метар и пол од голот, откако гостинската одбрана не ја отстрани опасноста и го оставија сам Беради. Наместо рутинска завршница, ѕвездата на Сасуоло заби на поризичен начин.

Највозбудливиот момент од 69-тата минута се покажа како решавачки на „Мапеј стадионот“.

Потегот на Берарди можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести