Бербатов: Арсенал е новиот Стоук сити

Арсенал со 2:0 го победи Манчестер јунајтед и Топчиите со 28 бодови се на третото место на табелата во Премиер лигата, исто колку што има и второпласираниот Челзи. Двата гола што Арсенал ги постигна против Манчестер јунајтед беа по изведување на корнер.

Од почетокот на минатата сезона, за Арсенал ова беше дури 22-ри погодок постигнат по корнер. Тоа е дури седум голови повеќе од нивниот прв следбеник по овој статистички податок за погодоци дадени од корнер.

По завршување на дербито на „Емирати“, некогашниот голгетер на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов, имаше интересен коментар и анализа за играта на Арсенал. Некогашниот бугарски репрезентативец го спореди Арсенал со тимот на Стоук, кој во минатото беше познат како најопасен при изведување на прекините.

„Премиер лигата веројатно е единствената лига каде што има толку многу фудбалери околу голманот и сите се туркаат, создаваат хаос. Во други првенства тоа би било фаул, но не и во Англија. Треба да бидете цврсти и да работите на тоа. Ние знаеме да се пошегуваме и да кажеме дека Арсенал е новиот Стоук сити. Нивната игра многу се базира на прекините, кои може да им донесат победа како што беше на дуелот против Манчестер јунајтед“, коментираше Бербатов.

- Оглас -

Најнови вести