Бербатов: Имам 38 и сè ме боли, а видете ги Ибра и Роналдо

Бугарската фудбалска легенда Димитар Бербатов пред еден месец објави крај на играчката кариера, а сега во интервју кажа дека иако уште му се игра, сигналите кои му ги испраќало телото му кажале да престане.

Иако фудбалерот од Благоевград има 38 години, секое утро се буди со големи болки, кои се резултат на долгогодишните напори и повреди. Затоа, Митко им се воодушевува на сите кои успешно играат, а веќе се на приближно негова возраст.

„Видете го еден Ибрахимовиќ. Да, МЛС-лигата не е од рангот на топ 5 лигите во Европа, но тој игра на високо ниво. И јас сум негов врсник, имаме по 38 години, а наутро кога станувам, ме боли целото тело. Го гледам и се чудам како ли само успева. Можеби има нешто што јас го немам и затоа уште игра. Имам огромен респект и за кариерата на Кристијано Роналдо. Има 34 и уште е главен во сите тимови за коишто игра. Одличен е во сите првенства кои се различни едно од друго. Видете како е подготвен физички. Тој е млад во душа, изгледа и телото му е такво“, вели Бербатов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести