Беретини се предаде без борба, Циципас ќе му биде противник на Надал

Стефанос Циципас се пласира во четвртфиналето на ОП на Австралија откако неговиот противник Матео Беретини се предаде во пресрет на осминафиналниот дуел кој требаше да се одигра утрово.

Италијанецот се повреди во претходниот меч против Хачанов и се пожали на слична повреда како на Новак Ѓоковиќ, во пределот на абдоменот.

Поради тоа, Гркот без да се потроши, се најде меѓу осумте најдобри, а таму го чека Рафаел Надал, вториот фаворит на австралискиот гренслем.

Во тој меч, Циципас ќе игра против традицијата бидејќи во седум меѓусебни пресметки против Надал има само еден триумф, остварен пред повеќе од една и пол година на Мастерс турнирот во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести