34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Берг Бугариќ е тениски првак на Македонија

Дејвис куп репрезентативецот Берг Бугариќ е нов државен шампион во тенис, откако денеска во финалето на Државното првенство го совлада својот колега од репрезентацијата, младиот Кристијан Јанев, со убедливи 2-0 во сетови.

Бугариќ ја оправда улогата на фаворит и со сигурна и доминантна игра го доби натпреварот со резултат 6-2, 6-0. За двајцата ова беше прво финале на државното првенство во сингл конкуренција.

Со оваа победа, Бугариќ ја заокружи неделата со двојна круна, бидејќи ден пред тоа, заедно со Елдин Хусеиновиќ, ја освои титулата и во конкуренција на двојки.

Во женска конкуренција, титулата ја освои Александра Симева, која во финалето беше поуспешна од Теона Андова.

- Оглас -

Најнови вести