Тотенхем и Манчестер јунајтед ремизираа 1:1 во премиерниот меч за двете екипи по паузата од три и пол месеци, а во фокусот на дербито беа Стивен Бергвајн и Пол Погба.
Бергвајн во 27. минута ја извозе одбраната на Црвените ѓаволи и ја затресе мрежата на Давид Де Хеа за водство на Тотенхем од 1:0.
Nice goal from Bergwijn,
Maguire turning like a truck, another De Gea should’ve done better moment https://t.co/1eCyxkajCB— Karim ⛱ (@Futball_Karim) June 19, 2020
Домаќините се држеа одлично до 81. минута, кога Пол Погба успеа да го насанка Ерик Даер со одличен дриблинг и изнуди пенал за гостите.
Францускиот ас го одигра првиот меч во 2020 година и веднаш имаше голем удел во напорите на Манчестер јунајтед да остане непоразен во Лондон.
Ударот од белата точка успешно го реализираше Бруно Фернандеш со третиот гол во Премиерлигата и вкупно четврти во дресот на Црвените ѓаволи.
Во финишот на мечот судијата Мос досуди уште еден пенал за гостите, но по консултација со колегите во ВАР собата ја поништи својата одлука, па мечот заврши без победник.
Манчестер јунајтед со 46 бода остана на петтото место, а Тотенхем е осми со 42 бода.