Беркант одигра мајсторски ОНЛАЈН во Sport Life – Ги нанижа репрезентациите со квота 1912 и си доби „ајфон 11“

Беркант Ш. е шампион на четвртата етапа во онлајн обложувањето во Sport Life и со прецизно одигран тикет со 11 пара од Лигата на нациите имаше највисок коефициент од 1912.02, со што си ќари и пари за добитниот тикет и премијата во наградната игра, „ајфон 11“.

Беркант одигра мајсторски тикет со 11 натпревари од Лигата на нациите и беше прв во периодот од 10 дена, од 8 до 17 ноември.

За да биде тикетот шампионски, на него е одиграна и нашата репрезентација, а Беркант верувал во Македонија и во победата против Естонија.

Секогаш за добитен тикет треба и малку среќа, а најтешко и најнеизвесно беше на „Паркен стадионот“ во Копенхаген, каде што Данска со голот на Кристијан Ериксен од пенал во 92-рата минута го победи Исланд, таман за погоден тип 1-1.

Со голови во второто полувреме победија и Велс против Република Ирска во островското дерби и Македонија против Естонија.

Пресврт за добитен „кец“ приреди Турција со Русија, Белгија рутински го доби дербито на колото против Англија со 2:0, доволно за одличен тикет со погодени 11 мечеви на репрезентациите во Лигата на нациите и награда „ајфон 11“ за Беркант во четвртата и претпоследна етапа со награди за онлајн-обложување во Sport Life.

Од денеска веќе е во тек и петтата етапа, последна со награда, па не е доцна да се вклучите со влог за онлајн обложување во Sport Life и да конкурирате за шампионската позиција до 27 ноември, кога завршува циклусот со пет етапи и пет супер награди, мобилни телефони „ајфон 11“.

- Оглас -

Најнови вести