Берлински блиц-криг на Херта – За 60 секунди го фрлија Унион во двоен нокдаун (Видео)

Херта набрзина успеа да го фрли во двоен нокдаун големиот градски ривал Унион Берлин и со голови за 60 секунди води со 2:0.

На празниот „Олимписки стадион“ во Берлин домаќините поведоа со голот на Ведат Ибишевиќ во 51. минута, а само една минута подоцна прецизен беше и Доди Лукебакио за голема предност на Херта во берлинското дерби.

Ибишевиќ го постигна и вториот гол во првите две кола, откако се врати на сцена германското првенство, а потоа и му асистираше на Лукебакио за 2:0.

Голот на Ибишевиќ погледнете го ОВДЕ.

Погодокот на Лукебакио можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести