Берлинското дерби е шанса за прва домашна победа на Херта годинава

Херта – Унион Берлин (фудбал, Германија, 20.30 часот)

Ривалите од Берлин се соседи на табелата, засега се во златната средина, но според резултатите викендов, Херта е поблиску до победата. Херта го порази Хофенхајм со 3-0, а Унион загуби 0-2 од Баерн. Унион Берлин има само три ремија сезонава. Херта на Олимпискиот стадион не знае за победа во 2020 година, можеби играњето без публика ќе им донесе среќа. Последните меѓусебни дуели на овие екипи кога Херта била домаќин, во 2011 и 2013 година, биле ефикасни барем со три гола и со голови на две страни.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.12)

 

Хајденхајм – Вехен (фудбал, Германија 2, 18.30 часот)

Ова е дуел на два тима кои на различен начин го продолжија настапот во Цвајта. Вехен е долу на табелата, но го победи фаворитот Штутгарт, а Хајденхајм е четврти, но пред неколку дена беше разбиен од Бохум. Есеноска нивниот меѓусебен дуел заврши 0-0 и продолжи традицијата на неефикасност (на последните три нивни пресметки, паднал само еден гол). Хајденхајм е еден од поопасните домаќини во лигата.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Нирнберг – Ерцгебирге Ауе (фудбал, Германија 2, 18.30 часот)

Некогашниот стабилен бундеслигаш Нирнберг сезонава е во непријатна позиција во втората лига, има резерва само од еден бод повеќе од опасната зона. Викендов загубија од Сент Паули и мора да победат. Ауе е тим кој на гостувањата најчесто или губи, или освојува бод, за гостинска победа не знае од летоска, а притоа секогаш губел на гостувањата кај Нирнберг.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

Славија Мозир – Городеја (фудбал, Белорусија, 17.00 часот)

Городеја со 6 голови во девет кола, заедно со Смолевичи се најнеефикасни екипи во белоруската Премиер лига. Славија Мозир и Городеја имаат еднаков број бодови, двата тима загубија во минатото коло. Тука можеби домашните се благи фаворити на хартија, но ние типуваме на малку голови. И нивните последни два меча во Мозир завршија само со еден постигнат гол.

Предлог тип: 0-2 гола (1.46)

 

Шахтјор Солигорск – Белшина (фудбал, Белорусија, 19.00 часот)

Солигорск е во налет, има три победи и едно реми на последните четири натпревари. Плус тоа, тие се тим со најмалку примени голови, па не би смееле да киксираат. Белшина е последна на табелата и уште не знае за победа во деветте кола кои се одиграни, а ја има најслабата одбрана. Белшина на последните две гостувања кај Солигорск губеше со 0-3 (лигашки меч во 2016) и 0-5 (куп во 2019 година).

Предлог тип: Т1 2-3 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести