Берлускони за прво засилување во Монца доведе играч од Интер

Екипата на Монца успеа да се избори за влез во Серија А, па сега овој клуб тргна со потпишување на квалитетни играчи кои треба да донесат сигурност за новата сезона.

Како прво засилување на Монца е промовиран Андреа Ранокија. Дефанзивецот кој изминативе 12 години го носеше дресот на Интер, летово стана слободен играч и во Монца доаѓа нез откупна клаузула, а потпиша договор на две години, што значи треба да остане во клубот до јуни 2024 година.

Газда на Монца е Силвио Берлускони, некогашниот премиер на Италија и ексгазда на Милан. Берлускони во 2019 година ја презеде Монца и за кратко време успеа да ја однесе во Серија А, за првпат во клупската историја.

 

- Оглас -

Најнови вести