15.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Бернардо Силва е приоритетот на Јувентус за следното лето

Бернардо Силва, португалски интернационалец кој игра за Манчестер сити, се наоѓа на приоритетната листа на желби на Јувентус за летниот преоден рок.

Старата дама продолжува интензивно да работи на трансфер-пазарот, иако преодниот рок веќе заврши, со главен фокус на играчи без отштета за следната сезона. Раководството на Бјанконерите бара решенија кои ќе ги усогласат техничките потреби со економските ограничувања и веќе има неколку имиња во игра, според пишувањето на „Газета дело спорт“.

Приоритет на клубот од Торино е доведување на централен бек за зголемување на конкуренцијата во одбраната, но името што се истакнува на Апенините е Бернардо Силва. Португалскиот репрезентативец од Манчестер сити се гледа како играч кој би донел огромен квалитет и искуство во тимот, што е опција која внимателно се разгледува.

Сè уште нема контакти за финализирање на трансферот, но Старата дама го следи развојот на ситуацијата околу португалскиот офанзивен играч од средниот ред, кој треба да ја напушти Премиер лигата по девет години.

За централната одбрана главна цел е Маркос Сенеси, аргентински дефанзивец чиј договор со Борнмут истекува на крајот на јуни. Играчот, според најавите, веќе изразил желба да се пресели во Торино, но конкуренцијата е голема. Јувентус верува дека може да го обезбеди неговиот трансфер со плата од три до пет милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести